Се зголемуваат цените на бензинот и дизелот

Bez autora
Jan 22 2024

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,36% во однос на одлуката од 15.1.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 2,733 %, кај дизелот 3,253%, кај екстра-лесното масло 2,343 % и кај мазутот намалувањето е 1,289 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,551 %.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемуваат 1,50 денар/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 1,00 денар/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,209 денари/кг и сега ќе изнесува 41,732 денар/кг.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 23.1.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik